еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Русија најави санкции за земјите кои испорачуваат оружје за Украина

Руското Министерство за надворешни работи вчера соопшти дека сите оние кои испорачале смртоносно оружје во Украина ќе одговараат доколку се употреби за време на руската воена операција во земјата.

Министерството додаде дека чекорите што ги презема Европската унија против Русија нема да останат без одговор.

Речиси сите европски земји најавија помош за Украина во оружје. Последната помош, по неутралната Финска, синоќа ја соопшти Норвешка, која уште од 1950 година се придржува до политиката да не испорачува оружје на земји кои не се членки на НАТО, се наоѓаат во војна или се загрозени од вооружени конфликти.

Норвешка ќе донира до 2.000 фрлачи на противтенковски ракети М72, се наведува во соопштението на Владата.

-Норвешка има строга политика во однос на извозот на воена опрема, но Украина сега се соочува со вонредни околности, изјави премиерот Јонас Гар Стоере.

И Австралија ќе донира 50 милиони долари за воена поддршка на Украина.

Австралискиот премиерот Скот Морисон во вторникот рече дека парите се наменети за воена и невоена помош.

– Зборуваме за проектили, муниција, зборуваме за поддршка во одбраната на сопствената татковина на Украина, рече тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

И Швајцарија која е секогаш неутрална, ги усвои санкциите на Европската унија против Русија

Финска донесе „историска“ одлука да и испорача оружје на Украина

Украина: Преговорите се тешки, руската страна е крајно пристрасна

МИА/Фото: Alex Zarubi on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Уставен ја отфрли иницијативата за бугарскиот клуб “Иван Михајлов”, оти тој веќе не постои

Редакција

(Видео) Пендаровски во Охрид се сретна со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел

Редакција

(Табела) Нов рекорд на заболени со коронавирусот во Македонија на дневно ниво

Редакција