еМагазин
Македонија ТОП СТОРИИ

Русија забрани извоз на воена опрема за 40 земји, меѓу кои е и Македонија

Руската Влада до крајот на 2023 година воведе забрана за извоз на воена опрема, оружје и летала, вклучително и на хеликоптери Ми-2, Ми-8, Ми-17 и Ми-26, за 40-тина земји, меѓу кои е и Македонија.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, во одлуката објавена на официјалниот портал за правни информации на руската Влада, се наведува дека од Русија не смеат да се извезуваат ракетни-носачи, гориво за нив и компоненти на гориво, беспилотни летала кои можат да летаат повеќе од половина час, теренски камиони со најмалку три оски и мотор со волумен од најмалку 10 литри и теренски оклопни возила тешки повеќе од пет тони.

Според белградски „Вечерње Новости“, покрај за наведените хеликоптери, забраната се однесува и на разни патрони и експлозиви, уреди за ноќно гледање, микроелектроника, оптички нишани, термовизори, далечинометри, електровакуумски уреди за воена радио опрема, средства за заштита од огнено оружје и шрапнели, како и оклопни елементи за нив.

На списокот на земји во кои не смеат да се извезуваат споменатите производи покрај Македонија, се и членките на Европската унија и НАТО, како и Австралија, Андора, Лихтенштајн, Микронезија, Монако, Нов Зеланд, Јужна Кореја, Сан Марино, Сингапур, Тајван, Украина, Швајцарија и Јапонија.

МИА/Фото: Руско министерство за одбрана

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Банките наплаќаат просечна камата од 4,89% на кредитите, а даваат 1,11% за штедните влогови

Редакција

Брас Брадерс, Тајзи, С.А.Р.С со концерт во Скопје на 8. јуни

Редакција

ТАВ го пречека првиот комерцијален лет на GullivAir од Софија на скопскиот аеродром

Редакција