еМагазин
Image default
Македонија

Руска амбасада: Што би било ако претставник на Русија сугерира како да гласат граѓаните на референдумот

„Деновиве не е реткост странски лидери да им сугерираат на граѓани на Македонија како да гласаат за референдумот. Интересно, што би било вакви „совети“ да дели официјален претставник на Русија„, стои во твитот.

Од Амбасадата на Русија за МИА укажуваат дека твитот се однесува на веста „Мета ги повика Албанците во Македонија да излезат на референдумот и да гласаат „за““, објавена на 28 август, а не на минатонеделните посети на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, на канцералите на Германија и на Австрија, Ангела Меркел и Себастијан Курц, на шефот на дипломатијата на Луксембрург Жан Аселборн и на американскиот сенатор Рон Џонсон.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Таблата на споменикот на Филип Втори украдена, на Олимпија оштетна, на Александар Велики, демолирана, па повторно вратена

Редакција

Груевски се огласи на Фејсбук за новите истраги на СЈО против него

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ ја напушти собраниската дебата за интерпелацијата на Спасовски

Редакција