Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите (СЈО) го објави извештајот за периодот 15- ти март 2018 година до 15-ти септември 2018 година во кој меѓудругото се вели дека како резултат на спроведената предистражната постапка во предметот „Попис“ донесена е наредба за спроведување на истражна постапка против 2 лица поради постоење на основано сомневање дека осомничените сториле кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“ од Кривичниот законик на Република Македонија.
Предметот се наоѓа во истражна постапка во рамки на која се преземени повеќе истражни дејствија
„Попис“ е името на истрагата која е покрената заради основано сомневање за злоупотреба на своите овластувања на претседателите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, Никола Груевски и Али Ахемти кои во 2011 година се договориле да го одложат спроведувањето на веќе почнатиот попис.
Фото: Влада