еМагазин
Image default
Бизнис

СЈО ги „тресе“ фирмите на Камчев

Обвинители од Специјалното јавно обвинителство утрово влегле во сите фирми на бизнисменот Орце Камчев, јави „sdk.mk“.

СЈО врши претрес во седиштето на „Орка холдинг“ и во други фирми надвор од Скопје, врз основа на судска наредба. Акцијата е со асистенција на Одделот за сузбивање на организиран криминал и корупција на МВР, велат неофицијално од СЈО, но не кажуваат за какви сомневања станува збор, односно какви кривични дела истражуваат со инспекторите од организиран криминал од МВР.

Нема информации во моментов додека трае претресот ни дали се врши заплена, а ни дали е некој уапсен.

Извор: sdk.mk

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кумановската „Делукс-ауто“ го доби тендерот на Царинската управа за набавка на 13 возила „тежок“ 325.000 евра

Редакција

СЕФФ: Преку градење на сојузништва до поконкурентни и поотпорни економии во регионот

Редакција

Детален преглед: Плата не исплатиле 245 работодавачи кои зеле помош од државата за работниците

Редакција