еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Сам се пријавил: Поранешниот претседател на Кривичен суд Панчевски почна да ја издржува затворската казна

Директорот на затворот „Скопје“, Филип Андонов за МИА потврди дека од вчера поранешниот претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчевски е во затворот, каде почна да ја издржува затворската казна од две и пол години за злоупотреба на службената положба.

Андонов појасни дека Панчевски откако добил упатен акт за издржување на казната, со жалба се обидел да го одложи извршувањето. Жалбата му била одбиена од судиите, по што тој вчера околу 14 часот сам се пријавил на издржување на казната.

Панчевски е сместен во просторија за изолација согласно ковид – протоколите.

Панчевски е осуден во случајот Акмис, односно дека рачно местел предмети кај одредени судии, како претседател на судот, во периодот од 2013 до 2016 година. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Затворската казна на екс судијата Владимир Панчевски намалена за една година

Три и пол години затвор за Владимир Панчевски

МИА/Фото: Академик

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 347 случаи на Ковид-19 од 2.013 тестирања

Редакција

Уставниот суд алармира за побрз избор на судии, ниту една точка не доби мнозинство на денешната седница

Редакција

Меѓународниот суд на правдата и нареди на Русија да ја прекине воената операција во Украина

Редакција