Согласно Договорот од Преспа кој од вчера е на сила, за најмногу четири месеци Министерството за внатрешни работи треба да почне да издава нови регистарски таблички за возилата со ознака NMK.
Во меѓувреме, како преодно решение, МВР ќе треба обезбеди налепници со ознака NMK за табличките.
За сега нема информација на чиј трошок ќе биде замената на табличките, дали граѓаните ќе треба да си ги плаќаат сами или трошокот ќе го покрие државата.
Во интервју за Топ тема на телевизијата Телма, заменик министерот за надворешни работи, Андреја Жерновски рече дека Владата се уште нема донесено одлука за тоа кој ќе ги покрие трошоците.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МНР на Република Македонија ќе стане МНР на Република Северна Македонија за најмногу две недели
Банкноти со Република Серверна Македонија од следната година
За најмногу четири месеци треба да се сменат регистарските таблички од МК со NMK
За три дена на граничните премини и на аеродромите ќе има табли со Република Северна Македонија