На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје на 69-годишна возраст, хоспитализиран на 15 мај, информираа вчера од Министерството за здравство.
Во ГОБ „8 септември“ пак почина пациент од Струга на 70-годишна возраст, примен во болницата на 17 мај и двајца од Скопје, пациент на возраст од 70 години, примен на 28 мај и 47 годишен пациент на болничко лекување од 21 мај.
Во извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) беше евидентирано и бебето од Скопје кое, на барање на родителите, со авион беше транспортирано во Швајцарија каде починало.
Бебето беше хоспитализирано на Детската клиника и имаше позитивен резултат на Ковид-19.
Повеќе детали за новопочинатите соопшти и ИЈЗ.
“Пријавени се 5 смртни случаи, од Скопје и Струга.
Случаите се на возраст од 1-70 години, сите со присутни симптоми.
Четири од случаите биле хоспитализиран во КИБФС и ГОБ 8-ми септември каде и починале.
Сите имале пропратни коморбидитети (хронична/здравствени состојби, н.з.), а еден имал контакт со потврден случај.
Починатите се без историја на патување.
Петтиот случај е дете кое беше транспортирано во Швајцарија за третман на основната болест каде и починало“, стои во анализата на ИЈЗ, која еМагазин ја пренесува секојдневно.
Вкупниот број на починати од компликации од вирусот во Македонија изнесува 131.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кај жена од гостиварско пост мортум откриено присуство на Ковид-19, во изолација десетина лица