Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) остро го осудува селективниот пристап на Владата за акредитирање на одредени медиуми за следење на настанот на кој ќе се одбележува 151-вата годишнина од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев.
-Дел од македонските медиуми добиле негативен одговор во врска со нивното барање за акредитација на овој настан, без никакво дополнително објаснување, иако апликациите биле поднесени во бараниот рок.
По забраните за пристап до локацијата каде што ќе се одржи одбележувањето на овој значаен датум, ЗНМ по вторпат реагира за ситуација во која што новинарите се спречени да ја вршат работата професионално, што пак носи ризик од недоволна информираност на јавноста.
Потсетуваме дека новинарите и медиумските работници имаат право да бидат присутни на настан од јавен интерес, бидејќи тоа е дел од нивната работа, исто како и сите други јавни функционери кои ќе бидат дел од манифестацијата, велат од ЗНМ.
ЗНМ испрати допис до Владата во кој бара да се објасни и воедно да се промени одлуката за акредитирање на конкретните медиуми, со цел истите да можат денеска да го проследат настанот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
На новинарите им е забранет пристапот до црквата Свети Спас, ЗНМ со остра реакција
Во црквата Свети Спас утре за роденденот на Делчев пристап ќе имаат само најавени делегации
Фото: Кабинет на претседателот