еМагазин
Македонија

Самоопределувањето на Македонците не може да биде од украдената бугарска историја, вели Каракачанов

Вицепремиерот и министер за одбрана на Бугарија, Красимир Каракачанов за БНТ по којзнае кој пат изјави дека Бугарија е земја која секогаш и помагала на Македонија и се пожали дека од другата страна имало „игри зад сцена“.

„Ние први ги препознавме, финансиски помагавме, помагавме и воено за време на југословенското ембарго. Очекувавме колегијален став, а добивме игри зад сцената“, вели Каракачанов, кој се осврна и на македонското малцинство во Бугарија.

„Не очекувавме враќање на романтичните односи од 19 век, но во текот на сите овие години добивавме игри зад сцената, тврдења за ‘македонско малцинство’… Историјата е точна наука, не можете да имате ‘повеќеслоен’ став кон неа. Утре можете да се прогласите за Марсовец и да прогласите дека Цар Самоил е од Марс“, рече тој.

Според Каракачанов, целиот идентитет на Македонците се засновал на омраза кон Бугарите, и во Бугарија и во Северна Македонија и порача дека самоопределувањето на Македонците “не може да биде од украдената бугарска историја“.

Даде и свое мислење за преименувањето на 24 Мај, Денот на словенските просветители во Ден на бугарската азбука.

„Азбуката е создадена во бугарските земји, во земјите на бугарските кралеви и им ја дадовме на другите Словени. Затоа, ние мора да ги славиме нашите заслуги. Останатите ја искористија генијалноста на Борис Крстителот и на луѓето кои ја исполнија неговата задача“, рече тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Документи) Што пишува во досието на Каракачанов кога работел како агент за бугарската служба за безбедност

Од агент на бугарската служба за безбедност до вицепремиер: Кој е Красимир Каракачанов

„Македонците се Бугари, Македонија е бугарска„: Како на социјалните мрежи во Бугарија се шири говор на омраза

Фото: Каракачанов/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Починаа 26 лица од Ковид-19, вкупно 1.212

Редакција

Во Штип ќе бидат затворени пет конфекции, 600 луѓе ќе бидат ставени во самоизолација

Редакција

Македонија го празнува 11 Октомври, Денот на антифашистичкото востание

Редакција