еМагазин
Image default
Техно

Samsung го претстави новиот Galaxy XCover Pro: Елегантен, издржлив и создаден за бизнис

Samsung Electronics Co., Ltd. го претстави новиот Galaxy XCover Pro, паметен телефон дизајниран за вработените во различните индустрии ширум светот. Слично на моделите од Galaxy семејството, XCover Pro може да се пофали со екран од раб до раб, долготрајна батерија, како и Samsung Knox заштитен систем.

Покрај тоа, овој уред е унапреден со уникатни мобилни решенија, како поддршката за новата воки-токи функција во рамките на Microsoft Teams платформата за комуникација.

„Galaxy XCover Pro е резултат на зголемените инвестиции и посветеност на компанијата Samsung на B2B пазарот,“ изјави DJ Koh, претседател и извршен директор на Дивизијата за ИТ и мобилна комуникација на компанијата Samsung.

„Веруваме дека овој пазар е подготвен за промените во 2020 година, затоа имаме намера да бидеме пионери во креирањето на отворени, мултимедијални мобилни платформи, идеални за новата генерација на дигитално освестена работна сила.“

Уред кој ги става на тест дизајнот и издржливоста

Galaxy XCover Pro е прилагоден на цела низа различни индустрии – од трговија и производство, до здравство и логистика. Во исто време компактен и елегантен, овој уред со eлегантен дизајн е многу повеќе од традиционален бизнис телефон.

Благодарение на IP68 сертификатот, XCover Pro е отпорен на вода и прашина, а MIL-STD 810G сертификацијата гарантира заштита од екстремна висина, влажност и други климатски услови, како и отпорност од падови од повеќе од 1.5 метар височина и тоа без заштитна маска.

Што значи, со pogo pin поддршката и компатибилност со сите платформи за полнење, телефонот секогаш ќе биде спремен за користење, додека батеријата со капацитет од 4.050mAh ќе трае во текот на целиот ден.

Во ситуациите кога им е потребна додатна енергија, корисниците едноставно ќе можат да ја заменат батеријата – потребно е само да ја вклучат резервната и да продолжат понатаму.

Galaxy XCover Pro им дава можност на корисниците за прилагодување на своите потреби. Оваа функција ќе ги поедностави комплицираните работни текови, дозволувајќи им на корисниците да скенираат, да ја вклучат CRM апликацијата или да вклучат светилка без да го пребаруваат менито или да гледаат во телефонот.

Покрај тоа, овој телефон доаѓа со FHD+ Infinity дисплеј od 6.3 инчи, кој се простира од раб до раб на екранот и совршено функционира без разлика на временските услови, дури и на снег и на дожд. Идеален е за работниците на терен, благодарение на режимот кој овозможува користење на телефонот со ракавици, а новата функција за креирање на текстуални пораки преку говор, ја упростува комуникацијата правејќи ја практична.

Теренско решение развиено во соработка со партнерите

Со користењето на Galaxy XCover Pro телефонот, професионалците и теренските работници отсега ќе можат да уживаат во своите омилени функции и апликации развиени во соработка со партнерите на компанијата Samsung, што им овозможува моментално управување со залихите и плаќање со едноставно скенирање на баркодовите.

Со цел да ја олесни комуникацијата меѓу колегите, Samsung соработуваше со компанијата Microsoft на претставување на иновативната платформа, Microsoft Teams и прва воки-токи функција која користи push-to-talk систем.

„Компаниите Microsoft и Samsung имаат долга историја на спојување на најдобрите хардвери и софтвери, со цел да им помогнеме на корисниците во решавањето на секојдневните предизвици,“ изјави Satya Nadella, извршен директор на компанијата Microsoft. „Моќната комбинација на Microsoft Teams платформата и новиот Galaxy XCover Pro телефон им овозможува на вработените ширум светот технологија, која им овозможува да бидат соработливи, повеќе продуктивни и побезбедни.“

Исто така, Galaxy XCover Pro ќе биде опремен со Samsung POS решение за плаќање, одобрено од страна на Visa Tap to Phone пилот програмата, која им помага на продавачите да препознаат на кој начин потрошувачите преферираат да плаќаат, користејќи едноставен и веродостоен софтвер.

Корисниците отсега ќе можат да вршат уплати за само неколку секунди, со едноставен пристап на своите бесконтактни картици, телефон или паметен часовник на екранот на Galaxy XCover Pro уредот.

Совршен спој на безбедносен систем и бизнис менаџмент

При изработката на Galaxy XCover Pro телефонот, посебно внимание е посветено на заштита на податоците. Овој уред е осигуран со повеќеслојна одбранбена платформа, Samsung Knox, што овозможува користење на напредни безбедносни функции, како хардверска заштита, изолација на податоци и енкрипција, со цел доверливите информации за работата на компанијата да бидат сигурни од напад на хакери или вируси.

Уредот исто така содржи читач за отисок на прст, како и опција за препознавање на лице, за бесконтактно отклучување на телефонот.

Galaxy XCover Pro Спецификации

Димензија 159.9 X 76.7 X 9.94mm (218g)
Дисплеј 6.3” FHD+, Wet Touch, Glove Mode
AP Exynos 9611 (2GHz Octa-core)
Меморија 4GB + 64GB, microSD до 512GB
Камера Една предна камера: 13MP, FF, F2.0

Двојна задна камера: 25MP, AF, F1.7 + 8MP, FF, F2.2

Батерија 4,050 mAh, заменлива, брзо полнење (15W)
OS Android 10.0
SIM Dual SIM (EUR), Single SIM (NA)[5]
NFC NFC (EMV L1)
Проширена реалност Google AR Core
Дизајн Full Screen
Заштита IP68, отпорност при пад на повеќе од 1.5 метар (MIL-STD 810G сертификација)
Сензори Брзинометар, Сензор за близина, Компас, Gyroscope
Pogo Pin Само за полнење
Биометриска сигурност Отисок на прст (side)
mPOS Достапно
Hot Key Два програмабилни тастери
Service LED Достапно

Резервната батерија се продава посебно.

За програмабилните тастери е неопходно посебно купување на Knox дозвола.

Креирањето текстуални пораки со говор моментално е достапно на кинески, англиски, француски, германски, италијански и шпански јазик.

Сите функционалности, одлики, спецификации и останати информации за производите достапни во овој документ, вклучувајќи и бенефиции, дизајн, цени, компоненти, перформанси, достапност и можности, се подложни на промени без претходна најава.

Galaxy XCover Pro во Северна Америка ќе поддржува и dual SIM функција преку едно од идните софтверски ажурирања, штом таа услуга ќе биде достапна.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Samsung Galaxy Note10+ 5G оценет како телефон со најдобри камери

Редакција

Рентген снимки ќе се читаат и онлајн, најави Меџити

Редакција

Франција ја запре продажбата на Ајфон 12 поради големо зрачење

Редакција