На синоќешната седница на Извршниот одбор на владејачкиот Соцјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ), се расправало и за промена на името на партијата, но одлука не е донесена.
“Договорот дава флексибилност, дури и на непрофитните, недржавните институции за активности кои што им се надвор од државата, ако се финансирани од буџетот, тогаш се употребува промена на името, или во духот на Северна Македонија.
Денеска ќе ја отвориме таа дебата и ќе го искористиме конгресот. Има убави креативни решенија, никаде нема Социјалдемократи од Норвешка, од Шведска или од Словенија или слично.
Постојат неколку видови на решенија кои што секако се можност, можеме да бидеме Социјалдемократски сојуз од каде? Од Република Северна Македонија. Можеме да бидеме Социјалдемократски сојуз на Северна Македонија (СДСМ).
Можеме да го задржиме името на партијата ако немаме меѓународни активности финансирани од државата.
Партијата како и сите политички субјекти доминантно се финансира од буџетот, секако еден дел е од нашата чланарина, од донации како што е пропишано по закон.
Можеме да направиме јасно разграничување со книговодствена евиденција за тоа што е надвор од државата, можеме како што кажав да си останеме комплетно Социјалдемократски сојуз на Македонија, тоа е регулирано во Договорот, но јас секако верувам дека ние треба да бидеме пример.
Денешната дискусија примарно ќе се води во делот на затворање на едно поглавје како исполнување на стратешки агенди на СДСМ како важен политички субјект во Република Македонија и отворање на новата ера што ја дефинираме пред нас и на тоа прашање гледаме од глобален аспект“, изјави лидерот на СДСМ и премиер, Зоран Заев пред почетокот на седницата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Социјалдемократи на Северна Македонија ново име на СДСМ?
(ВИДЕО) Нема да има предвремени парламентарни избори, пресече СДСМ