еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Се чека одлука на Влада: Комисијата за заразни болести препорача затворање на школите, градинките и универзитетите

Во јавноста веќе циркулира Одлуката на Комисијата за заразни болести која на денешната седница заклучила дека е потребно проширување на мерките за заштита од коронавирусот. Таа препорача сите градинки, училишта и факултети да бидат затворени во следните две недели.

За ова да стапи на сила потребно е Владата да ја усвои препораката, за што се очекува министерот за здравство Венко Филипче да информира во 14 часот.

Комисијата препорачува забрана на сите масовни собири на отворено и на затворено, а сите спортски собири да бидат без публика. Се воведува задолжителна самоизолација на сите лица кои доаѓаат од високо и средноризични држави во период од 14 дена.

Исто така Комисијата препорачува забрана за извоз на медицинска опрема и медицински средства и материјали од економски оператори од земјава, освен со посебна дозвола од Министерството за здравство.

Возрасните и поризичните категории граѓани со хронични болести да го ограничат движењето и да го избегнуваат јавниот превоз.

Исто така, се забранува патување во земји кои се од висок и среден ризик, а листата на овие земји ќе биде поставена на веб-страницата на Министерството за здравство и ќе биде секојдневно ажурирана.

Комисијата исто така препорачува вработените во здравствените установи кои се ангажирани во изборниот прецес да бидат изземени од натамошно учество и да бидат заменети со други лица.

За тие кои нема да ги почитуваат и ќе ги прекршат препораките, Комисијата истакнува дека ќе бидат казнети по член 205 и 206 од Кривичниот законик.

Исто така се бара да се воведе т.н. хелт локатор картичка за сите летови и компании.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ученици од три основни училишта во скопски Карпош заради превенција од коронавирусот во самоизолација

Каков имот пријавила директорката на Клиниката за кожни болести, Нина Цаца Биљановска

„Докторката која не се грижеше за сопственото здравје“: Твитер реакции за директорката Нина Цаца Биљановска

Има ли основа за кривична одговорност за заразената директорка Нина Цаца Биљановска?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сакам да верувам дека е ненамерен пропуст, вели Ковачевски откако Петков го „исече“ од фотографијата со Блинкен

Редакција

Основците од утре без маски во училиштата

Редакција

Зголемена фреквенцијата на граничниот премин Јажинце со Косово, влегле околу 1.500 лица до 15 часот

Редакција