еМагазин
Image default
Македонија

Се отвара ли простор за застарување: Врховен суд суд ќе одлучува за истрагите на СЈО

Врховниот суд на Република Македонија на 30 јануари ќе одржи општа седница, на која ќе бидат разгледани и иницијативите поднесени од адвокатите Боро Тасевски и Еленко Миланов за донесување на определено начелно правно мислење за правилна примена на закон.

„Поради зголемениот интерес на медиумите, ја информираме јавноста дека согласно член 6 од Законот за изменување и дополнување на Законот за судовите (Сл.весник на РМ бр.83/18), Врховниот суд на Република Македонија, меѓу другото, има обврска на општа седница, да разгледува иницијативи и на адвокати за утврдување начелни ставови и начелни правни мислења“, се вели во соопштението на Врховниот суд.

Од Врховниот суд на Република Македонија во соопштението посочуваат дека во Судот се примени и други иницијативи, кои дополнително ќе бидат разгледани на општата седница.

Адвокатите поднеле иницијативи во врска со прашањето дали Специјалното јавно обвинителство (СЈО) може да отвора истраги и да поведува обвиненија со оглед на тоа што во членот 22 од Законот за СЈО е определено дека јавниот обвинител кој раководи со Јавното обвинителство, може да покрене обвинение или да нареди запирање на истражна постапка во период не подолг од 18 месеци од денот на преземањето на предметите и материјалите во негова надлежност.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Македонски државјанин фатен на хрватска граница при обид за шверц на 9,7 литри ракија и над 10.000 кутии цигари

Редакција

(ВИДЕО) Скандалозна изјава на поглаварот на ИВЗ, Реџепи за судијка, за која доби аплауз: Не ја жалам, таквите нека починат

Редакција

По 30 дена притвор за шест лица осомничени за издавање лажни пасоши во случајот „Двојник”

Редакција