еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Се уште е рано да не се носат маски на отворено, за свадби и за концерти, вели Филипче

Се уште е рано за да се даде општа препорака за маските да не се носат на отворено, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Во одговор на новинарско прашање, Филипче рече дека за ова е разговарано утрово, но оти заклучокот е дека треба да се причека уште недела или две за една ваква мерка.

„Следниот чекор би бил, но се уште е рано да кажеме кога би било тоа, да се носат маските како претходно, односно само во група надвор. Засега е рано.

Тоа ќе биде следно за што ќе разговаравме. Утрово инициравме дискусија и заклучокот е дека треба да почекаме уште недела или две,“ рече Филипче.

Засега е рано и да се организираат свадби и концерти.

– Се уште не се дозволени концертите и свадбите, бидејќи стравуваме дека во овие случаи може да се намали дистанцата меѓу луѓето кои се присутни и затоа одиме постепено. Ако продолжат трендовите, ќе бидат дозволени и концертите, нагласи Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зголемување на бројот на деца во градинките, предлага Комисијата за заразни болести

Здравствените работници да можат да користат годишни одмори, предлага Комисијата за заразни болести

Комисијата за заразни болести предлага вежбалните, фитнес центрите и теретаните да почнат со работа

Предлог до Владата: Полицискиот час да почнува на полноќ, угостителите да работат до 23.30 часот

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Халк Банка може да извршува брокерски услуги за клиентите

Редакција

Убава вест: Оздравени се 587 пациенти заболени од Ковид-19

Редакција

Во Газа досега загинале 9.770 лица, од кои 4.800 се деца, а 2.550 жени

Редакција