еМагазин
ЖИВОТ

Сè уште е во тек епидемија на мали сипаници, досега вакцинирани 41.623 лица на возраст до 14 години со МРП вакцина

Министерството за здравство информира дека сè уште е во тек епидемија на морбили (мали сипаници) на територија на цела држава.

„Вкупниот број на вакцинирани лица на возраст до 14 години со МРП вакцина од почетокот на епидемијата во целата република изнесува 41.623. Од почетокот на епидемијата досега, во Центрите за јавно здравје, дополнително се аплицирани вкупно 6.291 дози на вакцина, од нив повеќе од 60% се здравствени работници, студенти и ученици во средните медицински училишта, останатите се контакти и лица над 14 годишна возраст.

Остануваат на сила претходно препорачаните мерки и активности, кои ги преземаат Центрите за jавно здравје, Институтот за jавно здравје, Министерството за здравство, ДСЗИ и вакциналните служби во пунктовите за вакцинација, со посебен акцент на вакцинација на сите осетливи лица“, се вели во соопштението на Министерство за здравство.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Меморијален планинарски марш во чест на Филип Чакаров

Редакција

Доктор Беќаровски прогнозира: До 1 јануари новиот сој на Ковид-19, омикрон, ќе се претвори во микронче

Редакција

Фамилиите ќе останат сплотени, а срцето е нашето единство, рече синот на пациентот кому му беше трансплантирано срце

Редакција