Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) го објави новиот анкетен лист на премиерот Зоран Заев.
На веб страната на ДКСК неможе да се најде неговиот претходен анкетен лист, но еМагазин го има во својата архива, па направивме споредба колку Заев, кој е по вторпат премиер во меѓувреме се „збогатил“.
Каков имот пријавил
И во новиот анкетен лист Заев не поседува сопствен недвижен имот, ниту пак сопствен автомобил.
Во новиот анкетен лист пријавил стан од 46 метри квадратни во Струмица, проценет на 900 илјади денари на име на сопругата Зорица, кој истиот го добила како подарок лани, но нема податок кој и го подарил.
На име на родителите пријавил деловен простор во Струмица од 60 метри квадратни, проценет на 3,6 милиони денари, земјоделско земјиште во Муртино, куќа во Струмица од 400 метри квадратни, проценета на 18,4 милиони денари, како и стан во Струмица од 65 метри квадратни, проценет на 1,8 милиони денари.
Споредено со претходниот анкетен лист, во новиот ги нема акциите на име на родителите, но има сума од 6 милиони денари, парични средства по основ на ликвидација на фирма.
На име на децата пријавил возило Мини Купер, како и депозит, кој споредено со претходниот анкетен лист е на поголема сума.
Во новиот анкетен лист пак го нема депозитот на неговата сопруга, но на нејзино име има заем од 330 илјади денари, а истиот треба да го врати до 2021 година.
И во новиот анкетен лист се појавува побарувањето од 4,3 милиони денари, на име на Заев.
За разлика од други функционери, и во новиот анкетен лист Заев не навел податоци за тоа каков имот поседува неговиот брат Вице, чие име, но и бизниси често се споменуваат во јавноста.
Целиот негов анкетен лист ОВДЕ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавил министерот за финансии, Фатмир Бесими
Каков имот пријавил министерот Оливер Спасовски
Каков имот пријавила министерката за образование, Мила Царовска
Каков имот пријавил првиот вицепремиер и министер, Артан Груби
Фото: СДСМ