еМагазин
Image default
Локално

Се запали „БМВ“ во движење на автопатот Скопје-Гевгелија

На 04.08.2019 во 14,10 часот во Полициската станица Валандово, било пријавено дека на делницата Миравци-Смоквица, имало опожарено патничко моторно возило, информира МВР.

Имено, додека И.Д. (39) од Р.Србија, управувал патничко моторно возило марка „БМВ 320 ГТ“ со српски национални ознаки, по автопатот Скопје – Гевгелија возилото почнало да ја губи брзината, по што се паркирал на лентата за принудно запирање и забележал чад од возилото, а потоа и пламен.

Пожарот бил изгаснат од противпожарна екипа од Гевгелија. Од полициски службеници од Полициската станица Гевгелија извршен бил увид на местото на настанот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ганиу со апел за терасите без дозвола во Старата Скопска Чаршија: Никој нема да биде над законот

Редакција

(Фото) По дочекот на Нова Година во Скопје собрани 40 кубни метри отпад

Редакција

Приведени двајца скопјани кои со „флешери“ сакале да избегнат контрола за време на полицискиот час

Редакција