еМагазин
Image default
Да помогнеме

Семејството, роднините и полицијата трагаат по исчезнатите триесет и двегодишна кумановка и нејзина малолетна ќерка

Семејството, роднините и пријателите речиси месец дена ги бараат исчезнатите мајка и ќерка од кумановската населба „Бавчи“.

Денеска до медиумите се обрати и советникот Самет Салиевски кој побара каква било информација од граѓаните за 32 годишната Сабина Сабединовска и нејзината седумгодишна ќерка, Елиф.

Тој ги повика граѓаните доколку имаат каква било информација да се јават на 071/ 329-068 или во најблиската полициска станица.

Секторот за внатрешни работи Куманово информираше дека на 9 септември годинава во 14:30 часот во СВР Куманово И.Н.(59) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечила неговата внука С.С.(32), која со себе ја повела и нејзината малолетна ќерка.

Од полицијата велат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Дежурниот обвинител од Куманово усно е информиран за настанот, велат од Основно јавно обвинителство Куманово.

МИА/Фото: Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За да се спаси млад живот од леукемија се бара потенцијален донор на матични клетки, процедурата е едноставна

Редакција

(Видео) Му требаме на семејството: Деветгодишно девојче се грижи за нејзините, во куќа која се распаѓа

Редакција

Баба Марица менува 4 автобуси и поминува 14 километри за да го носи внучето во школо за деца со попреченост, ѝ треба помош

Редакција