еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Семејството Заеви донираше амбулантно возило и медицинска опрема на струмичката болница

Премиерот Зоран Заев, придружуван од министерот за здравство, Венко Филипче денеска му го предаде амбулантното возило на директорот на струмичката болница, д-р Наќе Гогов, кое го обезбеди компанија на семејството на Заеви.

Покрај амбулантното возило, друга компанија на Заеви донираше механички кревети, шкафови и друга опрема за новиот крак на струмичката болница.

Заев рече дека фирмата „Еленица“ од Струмица, која е во сопственост на неговото семејство донирала 1.250.000 денари опрема од домашната компанија „Брако“, која ја купи „Еленица“.

„Донирани се механички кревети, шкафови и се што е потребно како материјал, а фирмата „Тотал инженеринг“, која е што во сопственост, исто така, на моето семејство, денеска го донираше ова прекрасно возило со симболите и боите на македонското знаме. Возило кое што е од 2015 година, целосно е во исправна состојба, децении ќе ги служи граѓаните“, рече премиерот Заев.

Министерот Филипче се заблагодари за донацијата и тоа, според него, значи сериозно зајакнување на капацитетот на болницата во делот на транспорт на пациенти.

„Струмичката болница ја завршивме после повеќе од 30 години. Сега таа почна да се опремува, еве дел и со донации. Ќе продолжиме и во следната година кога ќе биде целосно опремена со кредитот од Светската банка којшто еве долго време го чекавме, повеќе месеци, а можеше да биде и порано на располагање за граѓаните, за пациентите на нашата земја за жал се соочивме со непринципиелна блокада од страна на опозицијата“, рече Филипче.

Директорот на струмичката болница, д-р Наќе Гогов се заблагодари на донациите и истакна дека денеска ја добиле најпотребната опрема која им неопходна во овој момент.

„Возниот парк кај нас е застарен и често се случуваат дефекти и затоа голема благодарност до семејството Заеви, кое најде можност во овој момент да ни го донира возилото, кое од голема важност за нашата болница“, рече Гогов.

Струмичката болница покрива регион од околу 200 илјади жители од општините Струмица, Василево, Босилово, Ново Село, Берово, Радовиш, Гевгелија, Валандово, Дојран и Богданци.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Продолжениот викенд со неповолни временски услови: Облачно и студено со повремен дожд

Редакција

Почина актерот Данчо Чевревски: Ни остави незаборавни улоги

Редакција

Хирургот Јота има тешка повреда на главата, нагмечување на мозокот и на белите дробови

Редакција