еМагазин
Image default
ЖИВОТ

„Шара по целото тело, Ви прави буквално скрининг и бара слаба точка“: Градоначалничката на Битола го сподели личното искуство со Ковид-19

Градоначалничката на Битола, Наташа Петровска, која го прележа коронавирусот, на својот Фејсбук-профил го сподели личното искуство во битката со Ковид-19.

„ПОСТКОРОНА

За медицинските сестри и докторите

Нема да кажам дека ја добив битката со короната. Ќе кажам дека спасот од неа е заслуга на медицинскиот персонал од Клиничка Болница Битола кои ме следеа во овој период и на Бога. Ова беше најмалку моја победа. Токму затоа, до нив упатувам длабока почит и благодарност.

Без нивната поддршка ништо немаше да биди како што е. Респект, за сета пожртвуваност, за саатите поминати под скафандери, понекогаш од 9 наутро до 4 попладне, без вода, без тоалет,…одејќи од пациент до пациент.

Често така лежејќи ја слушав нивната задишаност под маските и тромото влечење на обувките од умора. Некаде ниски сатурации, некаде отежнати со мозочни удари, некаде со деменција, некаде со срцеви проблеми, некаде полесни, некаде потешки…. некаде радост што смртта ги одминала, некаде загуба и солзи. Исписи, записи на починати, нови пациенти… И во сето тоа слушате како упатуваат утешни зборови кон секого. ГОЛЕМИ ЛУЃЕ!

За добрите луѓе

Во сиот тој мрак во кој се наоѓате, гледате светлина, зрак, љубов, надеж, поддршка… Стигнуваат пораки со топли зборови, слики, прегратки, лични видеа со убави желби, пеење во оригинал изведба наменета токму за вас… без граници, без пресметки, едноставни, чисти, искрени, човечни….. ВИ БЛАГОДАРАМ! Ви благодарам за Вашиот влог во оваа битка.

За вирусот

Шара по целото тело. Ви прави буквално скрининг. И бара, бара слаба точка. Не успева на едно место, и стрелито заминува на друга страна. Дали е тоа глава, кичма, стомак, срце,… зависи од слабите точки.

Истошеност од која здивот ви се зема. И сфаќате дека и кога ви велат помина, имате два последователни негативни тестови, ви треба сила уште да донакрените. Заминувате со измешани чувства, радост за преживеаните и тага за изгубените наши сограѓани.

За злите

…..000000 (и маргините веќе се исполнети во оваа прилика) Жалам!“, напиша таа.

Фото: Фејсбук/Петровска

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Возенемирувачки фотографии) Отруени кучиња во Тетово

Редакција

Утре и задутре температурата до 40 степени, стаблизирање од недела

Редакција

Доктор Лазаров: Новиот сој „омикрон“ носи повеќе од пет пати поголема можност за инфекција и повеќе од двапати поголем ризик од реинфекција

Редакција