Весникот „Независен“ објави дека Примислав Димовски, командант на единицата „Алфа“, изминатиот викенд со службен автомобил „шкода“ престојувал во Охрид, каде што, наводно, требало да присуствува на свадба кај ќерка на негов пријател во еден од угостителските комплекси до езерото.
До редакцијата на „Независен весник“ пристигнале фотографии на кои се гледа спорното возило снимено во Охрид.
Од весникот го контактирале Димовски, но тој одговорил дека не смее да зборува со новинари без да добие дозвола од неговите надредени. Неговите блиски потврдиле дека тој навистина бил во Охрид, но демантираат дека присуствувал на свадба, односно дека природата на неговата посета била приватна.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.