еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Кои производи ќе поевтинат со усвојување на законските измени за акцизата и ДДВ

Владата на 27 седница, врз основа на прифатените измени и дополнувања во Законот за акцизи во Собранието, донесе Одлука за определување на видот на енергенсите, временскиот период, како и начинот на пресметка на акцизата, соопшти владината прес-служба.

Со оваа одлука се овозможува да се пресметува дополнително намалување на акцизата кај безоловниот бензин, гасното масло како погонско гориво и гасното масло како гориво за греење во зависност од движењето, односно од висината на зголемувањето на цената на овие енергенти на светските берзи.

На оваа седница е донесена и Одлуката за определување на видот на добрата и временскиот период на примена на повластена даночна стапка откако Собранието, на предлог на Владата, ги усвои измените и дополнувањата на Законот на данокот на додадена вредност.

Оваа одлука овозможува да се примени повластена даночна стапка која изнесува 10%, врз прометот и увозот на енергенти, за определен временски период во определени услови.

Се продолжува примената на повластена даночна стапка од 5% на електричната енергија за домаќинства до 31 декември 2022 годинa.

Овие одлуки стапуваат во сила со денот на објавувањето во „Службен весник“.

Владата донесе и Одлука за определување на видот на добрата и временскиот период на ослободување од плаќањето на данокот на додадена вредност во земјата со право на одбивка на претходниот данок.

Со оваа одлука опфатени се лебот, брашното од тип 400, шеќерот, сончогледовото масло, кравјото млеко со маснотии од 2%, 3,2% и 3,5%, месото, оризот и јајцата.

Собранието доцна синоќа едногласно по скратена постапка ги донесе Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност и Предлогот на закон за дополнување на Законот за акцизите.

По усвоените законски измени во Собранието и донесените одлуки на Владата, се очекува Регулаторната комисијаза енергетика и водни услуги (РКЕ) да донесе одлика за нови пониски цени на горивата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лебот, сончогледовото масло за јадење и брашното ќе се продаваат по набавна цена

Детален преглед: Што содржат 26-те мерки за заштита на животниот стандард и за ликвидност на компаниите

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео+Фото) Поплавен рудникот Суводол на РЕК Битола

Редакција

По нападот, Русите ја окупираа нуклеарката Запорожје, најголема во Европа

Редакција

Грција целосно се отвара до 1 јули: Презентирани правилата за „новото секојдневие“

Редакција