еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Што значи различната масленост кај млекото?

Без разлика дали го консумирате со вашите омилени домашни колачиња, можеби со какао или со житарки, или пак и Вие и вашите деца го сакате чисто, млекото игра голема улога во секојдневната исхрана.

Но, дали знаете какви сѐ типови млеко се достапни на пазарот и дали свесно ја одбирате масленоста на млекото?

На полиците во маркетите може да се забележи млеко со различен процент на масленост: 3,2%, 2,8%, 0,9%, 1,5%, 3,5%. Изборот е голем, но што точно значи тој процент?

Точното разбирање на изборот што се нуди и разликите помеѓу процентот на масленост, ќе Ви помогне да одлучите и кое млеко е најсоодветно за Вас и вашето семејство. Количината на млечна маст влијае врз бројот на калории и масти во млекото, меѓутоа сите типови млеко, независно дали се со ниска или висока масленост, се природно богати со хранливи материи и се категоризираат во здрава исхрана.

Оттука, првенствено е неопходно да разберете дека секое кравјо млеко ги содржи истите есенцијални хранливи вредности, вклучувајќи калциум, витамин Д, калиум,  витамин Б-12 и витамин А, а сите млечни производи природно содржат и млечни протеини кои помагаат во градење на цврста мускулна маса.

Што е млечна маст и како се редуцира?

Процентот на млечната маст се однесува всушност на количината на масти во млекото, според неговата тежината. Така, ако млекото е да речеме со 3,2% млечна маст, тоа значи дека вкупно 3,2% од содржината на млекото се масти. Таа содржина на масти, особено на кравјо млеко, се модифицира со цел да се направат различни производи.

Но, како точно се менува содржината на маснотиите? Некои мислат дека млекото се разредува со вода, но тоа апсолутно не е точно. Всушност, тоа е процес во производството кога сите маснотии од млекото се отстрануваат, а потоа се додаваат во млекото во различни проценти.

Различни проценти на масленост*

Констатиравме дека главната разлика се состои во тоа колку маснотии содржи млекото. На пазарот најчесто сретнуваме:

3,2% – Доколку сте загрижени во врска со калориите или поголемата млечна маст, имаме добри вести за вас: експертите се согласуваат дека млекото игра важна улога во здравата исхрана, и тоа во севкупниот контекст на исхраната, внесот на хранливи материи и калории. Тоа содржи 3,2 г. белковини, 4,6 г. јаглени хидрати и 60 калории во 100 г.

2,8% – Доколку преферирате помалку маслено млеко, но сепак сте љубители на богатиот вкус, препорачуваме млеко со редуцирана млечна маст, во чија вкупна тежина се содржани 2,8% масленост. Содржи 3,1 г. белковини, 4,7 г. јаглени хидрати и 56,4 калории во 100 г.

0,9% – некои го нарекуваат и “light” или нискомаслено млеко кое е редуцирано на само 0,9% млечна маст. Најголемата разлика е во однос на калориите, па така ова млеко е за лица кои преферираат полесен режим на исхрана. Но, не заборавајте: и тоа ги содржи истите есенцијални хранливи вредности како и сите млека и 3,3 г. белковини, 4,4 г. јаглени хидрати и 38,9 калории во 100 г. И не е разредено со вода.

Нови производи на пазарот, за нови вкусови!

Од неодамна на пазарот сретнуваме и два нови типа на млеко, односно со 3,5% на масленост и со 1,5% на масленост од производителот Бимилк.

Битолско млеко 3,5%, со малку поголема масленост од стандардното, е направено за сите оние кои уживаат во препознатливиот вкус и богат состав од хранливи состојки и ги задоволува и најпребирливите љубители на млекото. Содржи 3,2 г. белковини, 4,5г. јаглени хидрати и 62,3 калории во 100 г.

Битолско млеко 1,5% е со намалена масленост и претставува одличен баланс помеѓу внесот на сите хранливи состојки од млекото, кои се во целост задржани, и намалениот внес на масти. Содржи 3,2 г. белковини, 4,5 г. јаглени хидрати и 44,3 калории во 100 г.

„Испијте“ го вашето здравје!

Одбирањето на вистинско млеко за Вас и за вашето семејство е прашање на вашите здравствени аспекти и секако, лични вкусови.

Иако во минатото некои истражувања сугерирале да се одбере млеко со пониска масленост поради помалиот број на калории, сепак постојат и понови истражувања кои го побиваат тој став и укажуваат дека консумацијата на млеко со полна или зголемена масленост не е на ниту еден начин поврзано со никакви здравствени ризици.

Изборот останува апсолутно на Вас, секако според вашите преференции, а ние се надеваме дека успеавме да Ви помогнеме да ги разграничите разликите.

Во секој случај: нема млеко кое не користи на вашиот организам и вашето здравје.

*содржината на белковини, јаглени хидрати и калории се преземени од палетата Битолско млеко.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

До петок температурата до 35 степени, во сабота дожд, а од недела опаѓање на температурата

Редакција

“Имавме време колку да излеземе преку прозорецот“: Сведоштво на жена која со сопругот се спасила од пожарот во ковид-центарот во Тетово

Редакција

Архимандрит Кирил Бигорски: Детето сака мајка и татко, а не успешни бизнисмени и нашминкани слики во дигиталниот простор

Редакција