еМагазин
Image default
Македонија

Штрајк со глад на затвореници во „Идризово“, бараат амнестија

Затвореници од затворот „Идризово“ штрајкуваат со глад барајќи да бидат опфатени со најавениот закон за амнестија за обвинетите од 27 април во македонското Собрание.

Од затворот „Идризово“ за МИА потврдија дека 60-65 проценти од затворениците одбиваат храна и оти во моментот се вршат лекарски прегледи на затворениците. Како што велат од Управата на затворот, затворениците најавиле дека штрајкот ќе трае два дена.

Затворениците очекуваат нивните барања да бидат исполнети, а доколку тоа не се случи, најавуваат дека нивните семејства ќе протестираат пред Владата.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Албан Малиќи назначен за почесен конзул на Мексико во Република Северна Македонија

Редакција

АПЕЛ: Сите кои допатувале од региони со коронавирус задолжително да се јават на дежурните телефони

Редакција

Затворени ковид-центрите на клиниките за очни болести и уво, нос и грло

Редакција