еМагазин
Image default
Свет

Швајцарија ќе уништи 10 милиони дози на вакцини против Ковид-19, во вредност од 294 милиони евра

Швајцарија е принудена да уништи 10,3 милиони дози од вакцината против коронавирусот на Модерна, бидејќи им истече рокот, соопшти швајцарското Министерство за здравство.

Вредноста на вакцините што треба да се уништат е околу 280 милиони швајцарски франци (294 милиони евра).

Според швајцарското Министерство за здравство, 2,5 милиони дози од вакцината сè уште се чуваат во воената логистичка база, а 7,8 милиони се чуваат во магацин во Белгија.

Стратегијата на Швајцарија за снабдување со вакцини од почетокот на пандемијата беше да се нарачаат повеќе дози отколку што е потребно за 8,7 милиони жители на Швајцарија.

Швајцарија нарача вакцини против Ковид-19 од различни производители. Во јуни швајцарските медиуми објавија дека земјата има вишок од 38 милиони дози на различни вакцини против коронавирусот, чии рокови ќе истечат пред крајот на годината.

Во Швајцарија од почетокот на пандемијата починаа 13.556 луѓе, а речиси 70 отсто од населението е вакцинирано.

МИА/Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Со „паметни очила“ се открива корона вирусот во Кина

Редакција

Западот мора да се подготви за војна, вели британски генерал

Редакција

Москва: „Имаме значителни воени загуби и тоа е голема трагедија за нас“

Редакција