еМагазин
Image default
Македонија

Силјановска за годишната програма за култура: Македонската уметност и култура никогаш не паднале на пониско ниво

Во врска со распределбата на проекти од Годишната програма на Министерството за култура на својот Фејсбук профил се огласи и претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, професорката Гордана Силјановска Давкова.

“И покрај гласните и аргументирани протести на уметниците и културните работници во однос на Годишна програма на проекти од национален интерес во културата, власта останува глува и нема.

Си тера по свое, а одлуки носат политичари без елементарно знаење и култура, со безобразно непочитување на нашите најголеми творечки потенцијали.

На критиките одговорија како што знаат – со козметички поправки, фрлање трошки од трпезата за да ги замолчат поединците, да забошотат, да ќарат уште некој ден плус на власт. Тие се грижат за власта, а не за убавото и вредното.

Македонската уметност и култура никогаш не паднале на пониско ниво, никогаш не биле толку понижени и обезличени – со бришење на сѐ што е македонско, вредно, со традиции, а во полза на „новокомпонирани“ добитници на државна поддршка.

Една мудра мисла гласи: улогата на креативниот лидер не е да ги има сите идеи, туку да помогне да се креира култура во која секој може да има идеи и да чувствува дека тие се вреднуваат. Македонија ја водат скромноумни, кои само минале покрај културата и уметноста, а за кои власта и профитот имаат највисока вредност.

Културата е столбот и лицето на секое општество, и кон дома и кон надвор. Македонија најдобро може да се промовира во меѓународните односи со културна дипломатија, а неа во моментов ја сечат во корен токму оние кои се на чело на државата. Уништувањето на еден народ почнува со газење на неговата колективна свест и култура, а токму тоа се случува во моментов. Тоа мора да запре, тука и веднаш!“, пишува Силјановска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Двојно помалку пари за „Скопски џез фестивал“ од Министерство за култура

Бузалковска: Се уште е скандалозна „ревидираната“ Годишната програма на проекти од национален интерес во културата

Фото: Фејсбук/Силјановска

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По заканите за живот, МВР патролно го обезбедува Митко Јанчев

Редакција

Истрага „Пациент“ на СЈО: Меѓу осомничените и вицепремиерот Бујар Османи

Редакција

Законот за родова еднаквост не е исто што и Законот за матична евиденција, секој има право на протест, вели Тренчевска

Редакција