По еден месец од инцидентот со пукање на свадба во Мала Речица во кој беше ранет неговиот син, пратеникот на ДУИ, Џеват Адеми за Алсат М открива детали што всушност се случило.
Тој негира дека бил дел од инцидентот.
„Точно е дека моето семејство и јас бевме дел од оваа семејна забава каде десетици луѓе на недоличен начин пукаа со огнено оружје, но не е воопшто вистина дека сум пукал и јас.
Јас и моето семејство седевме на маса, а син ми седеше пред мене. Куршумот го погоди во грб.
Ова покажува дека дури и јас да сум пукал, не е можно тој да биде ранет, бидејќи мојот син седеше спроти мене“, вели за Алсат М, Адеми.
Адеми вели и дека полицијата го сослушала и му зела парафинска ракавица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Алсат М
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.