еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

„Синохидро“ доби рок до крајот на годината да го заврши автопатот Кичево – Охрид

Кинеската компанија „Синохидро“ доби рок до крајот на годината да го заврши автопатот Кичево – Охрид, кој се гради 10 години.

Ако тоа не се случи, Владата ќе одлучува дали ќе ја продолжи соработката или пак ќе бара нов изведувач.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ќе има ревизија на договорот за изградба на автопатот Охрид – Кичево

Владата веќе работи на ревизија на договорот, која треба да покаже како да се санираат свлечиштата и косините, кои настанале при изградбата на последните 14 километри, како и кои финански импликации би се појавиле од страната на Меѓународниот арбитражен суд, кој е наведен во договорот, ако истиот се раскине.

Изградбата на овој автопат почна во февруари 2014 година. Неговата изградба тогаш вредеше 374 милиони евра, а денеска е 598 милиони евра.

Истиот е дел од Коридорот 8, со вкупна должина од 56,7 километри.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Гордана Балтовска реизбрана за член на Управниот одбор на Стопанска банка Битола

Редакција

ПМГ рекордингс фестивал 13, во две вечери со фантастична програма од домашни и странски изведувачи

Редакција

Голема трагедија: 10 лица загинаа во сообраќајка во која косовски автобус излета од автопат во Хрватска

Редакција