На 19.07.2018 година околу 18,30 часот било пријавено дека на автопатот Гевгелија-
Скопје, С.Г.(57) од Скопје управувајќи товарно моторно возило “Мерцедес“ со полуприколка “Шмитц“ изгубил контрола над возилото, излетал од коловозот, удрил во заштитната метална ограда и се превртел, информира МВР.
По незгодата возачот С.Г. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Јавната здравствена установа Гевгелија, каде починал. Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.