Ставен е под контрола пожарот над скопската населба Пинтија, кој избувна денеска. Во пожарот беше зафатена мешана шума на поголема површина.
Како што информираат од Територијалната противпожарна единица на Град Скопје, локализиран е и пожарот кај скопското село Мојанце, над Арачиново, а нов пожар е пријавен кај Сопиште.
„Во моментов две екипи пожарникари се упатени кон Сопиште, каде граѓани телефонски пријавиле пожар. Пожарот е во близина на фабриката за пиротехнички средства“, изјавија од Територијалната противпожарна единица на Град Скопје.
МИА
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пожари му се закануваат на Скопје: Гори во близина на Пинтија и над Арачиново
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.