Податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во делот на процена на ризикот за понатамошно ширење на Ковид-19 во Македонија, заклучно со 19 јули, покажуваат дека Скопје, Тетово, Штип и Куманово се во четврта фаза.
“Според категоризацијата на ризикот од Светската здравствена организација, се проценува дека Скопје, Тетово, Штип и Куманово се во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата).
Гостивар, Свети Николе, Струга и Дебар се во фаза 3 (локализирана трансмисија).
Останатиот дел од Република Северна Македонија е во фаза 2 (спорадични случаи)„, стои во извештајот на ИЈЗ, кој еМагазин редовно го пренесува.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вкупно импортирани 180 случаи на Ковид-19, последниот е пред неколку дена
60% од хоспитализираните пациенти со Ковид-19 се со претходни заболувања
Штип, Свети Николе и Ресен со најмногу заболени со Ковид-19 на 100 илјади жители
Фото: Град Скопје