еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Слаб одзив на протестот за името Македонија во Атина: Полицијата изброја 60 илјади граѓани

На  протестот пред грчкиот Парламент, што е во тек и на кој има судири меѓу маскирани лица, веројатно припадници на екстремно десничарски групи и полицијата, од 14 часот учествувале околу 60 илјади лица, соопшти грчката полиција.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, во главниот грчки град пристигнале вкупно 326 автобуси од цела Грција.

Група маскирани лица со грчки знамиња, веројатно припадници на екстремно десничарски групи се обидоа да го пробијат полицискиот кордон кај Споменикот на незнајниот јунак пред грчкиот Парламент.

Тие со предмети, шишиња и пиротехнички материјали ја нападнаа полицијата, која одговори со шок бомби и солзавец. Кон полицијата беа фрлани и бои.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Шок бомби, солзавец и пиротехнички материјали за крај на протестот за името Македонија во Атина

(ВИДЕО) Стотици автобуси со знамиња со Александар и сонцето од Вергина и тапани тргнаа за Атина на протест за името Македонија

„Тајните на Преспа“, „Во стапицата на Преспа“: Договорот за името осамна во грчките медиуми, 66% од Грците велат OXI

Фото: РТ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кои варијанти на Ковид-19 доминираат во Македонија

Редакција

Вкупно 3.439 здравствени работници во Македонија заболеле со Ковид-19, починале 22

Редакција

Мицкоски за францускиот предлог: Бугаризација на рати

Редакција