еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Случај „Транспортер“: Екс-градоначалникот на Битола, Владимир Талески осуден на осум години затвор

Поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Талевски е осуден на осум години затвор за злоупотреба на службената положба во предметот „Транспортер“.

Од 20-те обвинети со него, десет се осудени на вкупно 28,9 години казна затвор, а останатите десет пак добија по две години условна казна затвор која ќе се активира доколку некој од нив стори кривично дело во рок од пет години.

Судијката Добрила Кацарска денеска пред двајца обвинети и четворица адвокати ја прочита пресудата во која наведе дека обвинетите се виновни за злоупотреба на службена положба и овластување,

Предметот на јавното обвинителство кој се однесува во врска со организирањето превоз на ученици во Битола, со што е направена проневера на околу 360.000 евра го застапуваа обвинителите Љубомир Лапе и Трајче Пеливанов.

МИА/Фото: ВМРО-ДПМНЕ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Завршни зборови за „Транспортер“, во кој е обвинет поранешниот битолски градоначалник Талески на 2 март

Ќе паднат ли како кула од карти предметите на СЈО во судот во Стразбур?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Рекордни 534 новооздравени од корона вирусот, во Скопје 353

Редакција

Уриваме црни рекорди за корона вирусот, важно концерти ќе има

Редакција

Каков имот пријавила Лидија Чачева, една од судијките кои одлучуваа за пресудата на Мијалков за „Таргет-Тврдина“

Редакција