Комората на сметководители при Сојузот на стопански комори бара повлекување на измените на Законот за вршење на сметководствени работи кои се во собраниска процедура и носење на сосема нов закон. Бараат итна средба со министерт за финансии и претставници на Секторот за финансиски систем.
Од Комората на сметководители денеска на прес-конференција оценија дека предложените законски измени се дискриминирачки и дополнително ја загрозуваат професијата. Реагираат бидејќи измените предвидуваат слободен влез во професијата за странски државјани од земјите членки на Европската економска заедница и се дискриминираат домашните сметковидители кои го имаат немаат ова право интернационално.
„Наместо повлекување на предлог-измените на Законот за вршење на сметководствени работи од собраниска процедура и конечно формирање на работна група за креирање на ново законско решение, Предлог-законот е ставен на дневен ред на 34 седница закажана на 16 февруари и тоа со европско знаменце со што се забрзува постапката за негово донесување“, изјави Александра Андреева, член на Управниот одбор на Комората.
Комората на сметководители, која извесен период бара и прологирање на роковите за годишни сметки и финансиски извештаи, своите барања ги има доставено до пратеничките групи во Собранието надевајќи се дека тие ќе иницираат измени на Законот за трговски друштва кое е во прво читање во собраниска процедура.
Нивното барање беше одбиено од страна на надлежните институции. Поради пандемијата и отежнатите услови за работа, сметководителите бараат одлагање на роковите до 30.04 во хартиена форма и до 15.05 во електронска форма.
МИА