еМагазин
Image default
Македонија

СМС комуникација на Ахмети и Незири за случајот „Монструм“: Какви луѓе се осомничените, дали убиените имаат роднини во полиција

На 4 ноември продолжува судењето за убиството на момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски кај Смилковското езеро на 12 април 2012 година, со читање на СМС комуникација и разговори од „бомбите“, докази предложени од Обвинителството.

На денешното рочиште за „Монструм“ во еден од аудио разговорите што беа пуштени, лидерот на ДУИ, Али Ахмети го прашува Сафет Незири за информации за уапсените за кои за двајца вели дека се добри луѓе, додека за еден дека е бандит. Ахметии го прашува Незири дали петтиот убиен (рибарот) е во роднинска врска со сопственикот на езерото, а тој му вели не, туку само се познавале и дека момчињата немале блиски роднини во МВР.

Во претходна постапка за случајот на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута и им определи мерки на претпазливост.

По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм“ го презеде Специјалното јавно обвинителство (СЈО) и предметот беше вратен на повторно судење. 

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СМС комуникација на Бајрами и Ахмети за случајот „Монструм“: Извршителите на убиството се професионалци

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Рекет” влегува во нова фаза: Судењето продолжува со презентација на материјални докази

Редакција

Најмладите на 30 и 32 години: Од Ковид-19 починаа 13 лица, пет се вакцинирани

Редакција

Најмногу новозаболени со Ковид-19 во Македонија има кај лицата на возраст од 20-29 години

Редакција