„Има повеќе жртви во Бородјанка отколку во Буча“, вели меѓудругото во синоќешното видео обраќање украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Бородјанка се наоѓа северозападно од главниот град Киев и од пред неколку дена е под украинска контрола.
Снимка од дрон покажува како сега изгледа овој украински град:
#Borodyanka. View from a drone. pic.twitter.com/PAWhD6Xrdt
— NEXTA (@nexta_tv) April 6, 2022
Претходно украинската јавна обвинителка Ирина Венедиктова соопшти дека се пронајдени 26 тела под урнатините на две бомбардирани станбени згради во Бородјанка, град кој пред војната имал околу 13.000 жители.
Според локалните власти, пак, 200 лица се водат како исчезнати.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Во Москва солидарен протест за мртвите во Буча
(Вознемирувачко видео) Некои од телата во Буча лежеле на улица со недели
Фото/видео: Твитер/Nexta TV