Гаврил Бубевски, шефот на Основното јавното обвинителство Скопје, денеска информираше дека докторот Жан Митрев со гаранција од милион евра во кеш гарантира дека нема да бега и дека ќе биде достапен на правосудните органи се додека против него Обвинителство води постапка за случајот со хемофилтрацијата на болните од Ковид-19.
Гаранцијата е прифатена од Основниот кривичен суд, а на осомничениот Митрев пред извесно време му беше одземен и пасошот.
Пред два месеци од Обвинителството информираа дека е донесена наредба за истрага против Митрев, поради основано сомнение дека сторило кривично дело – Измама од член 247 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Осомничениот, како што соопшти тогаш Обвинителство, во периодот од април 2020 година до 2022 година, со намера за правно лице – приватна здравствена установа да прибави противправна имотна корист, со лажно прикажување факти, ги довел во заблуда пациентите лекувани од Ковид-19 со методот на хемофилтрација.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Клиника „Жан Митрев“: Целосно соработуваме со институциите