еМагазин
Локално

Со нож го расекол по лицето

На 15.09.2018 година во 19.05 часот во Полициската станица Куманово, С.С.(45) од Куманово пријавил дека Р.Н. со нож го нападнал и исекол на лицето и левата рака, информира МВР.

С.С. со Д.Н. седел во ресторан на улица „Бранко Богдански Гуцман“, а околу 15.00 дошле Р.Н. и Л.Н. и седнале до нив. По кратко време Р.Н. и Л.Н. си заминале, а кога С.С. тргнал да си оди, му се доближил Р.Н. кој со нож замавнал кон него и го исекол во пределот на лицето и левата надлактица, по што побегнал. После тоа, С.С. отишол во болницата во Куманово, каде му била укажаа помош и бил пуштен на домашно лекување. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мистериозен случај: Еден застрелан во нога, двајца повредени

Редакција

Приведен крадец кој извршил 22 тешки кражби за четири месеци

Редакција

По претрес на домот, приведен дилер на кокаин во Скопје

Редакција