Во СВР Велес вчера попладне околу 14.30 часот било пријавено дека во кругот на Општа болница Велес било пронајдено тело на починат 74 – годишен маж.
Лекар од болницата констатирал смрт со прострелна рана од огнено оружје, информира денеска портпаролот на СВР Велес, Ристе Самарџиев.
– Увид на местото изврши екипа од СВР Велес, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција, појасни Самарџиев.
МИА
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.