еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Со Украина преговараме за воена неутралност, вели рускиот министер за надворешни, Лавров

Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров денеска изјави дека руско-украинските преговори продолжуваат за обезбедување на воена неутралност на Украина, во контекст на нејзината демилитаризација.

„Продолжуваат преговорите за обезбедување на воена неутралност на Украина, во контекст на безбедносни гаранции за сите учесници во процесот, во контекст на демилитаризацијата на Украина, за да нема закани за Русија од нејзината територија и во контекст на прекинување на политика за нацификација на земјата“, рече Лавров по средбата со иранскиот колега Амир Абдолахиан во Москва.

Министерот за надворешни работи на Иран изјави дека вчера имал телефонски разговор со неговиот украински колега Дмитриј Кулеба, кој, како што рече, побарал од него да му ја пренесе на Лавров пораката дека Украина е за прекин на војната и за концентрација на политичките прашања.

Тој, исто така, изјави дека Кулеба рекол дека Украина е подготвена да ги продолжи преговорите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Леталото со бомба од 120 килограми кое падна во Хрватска било украинско

(Видео) Силни експлозии утринава во Киев: Гранатиран станбен блок, две лица загинаа, има и повредени

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Твитер „полуде“ за притворот на Мијалков: „Со лисици сум бе, какви мисици“

Редакција

Прекинат е далечинскиот пренос на податоци: Што се случува во Чернобил, една од нуклеарките во Украина

Редакција

ДУИ и Али Ахмети засекогаш?

Редакција