еМагазин
Image default
Македонија

Собранието усвои повеќе закони вратени од Иванов

Собранието, во рамки на денешната 95-та седница усвои повеќе закони кои претседателот Ѓорге Иванов одби да ги потпише и ги врати назад до пратениците, меѓу кои законите за централен регистар на население и за извршување на санкциите.

Пратениците, без дебата како закони во трето читање, ги изгласа и законите за електронско управување и електронски услуги. за услуги, за тутун, производи од тутун и сродни производи, за регистрирање на готовински плаќања, за државните награди, како и за ратификација на Договорот со Црна Гора за уредување на меѓусебните имотно-правни односи.

Претседателoт на Собранието, Талат Џафери, информира дека согласно информацијата од претседателот на Република Северна Македонија, со која го информира Собранието дека одлучил да не ги потпишува указите за повеќе закони, Собранието овие Закони ги разгледува како закони во фаза на трето читање.

Согласно член 75 став 2 Собранието повторно го разгледува Законот и доколку го усвои со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници претседателот е обврзан да го потпише указот, истакна Џафери.

Актуелниот претседател на државата, Ѓорге Иванов, со указ од 3 април 2019 го информирал Собранието дека одлучил да не ги потпише законите донесени на седница одржана на 27 март 2019 година.

Пратениците претходно ја изгласаа и Предлог одлуката за изменување на Одлуката за испраќање на припадници на Армијата на Република Македонија за учество во мировната операција на Организацијата на Обединетите нации, „УНИФИЛ“, во Република Либан.

Главна измена во предлог одлуката е во однос на Договорот од Преспа и замена на зборовите „Република Македонија“ со „Република Северна Македонија“, како и зборовите „април“ со „мај“.

Собранието на почетокот ги усвои дополнетите предлог закони за слободен пристап до информации од јавен карактер и за инспекциски надзор, двата во второ читање.

На почетокот Собранието ја прескокна втората точка, која се однесува на Предлог законот за Судскиот совет во второ читање.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Собранието го донесе Законот за судски совет

Собранието го усвои законот за Изборниот законик вратен од Иванов

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Продолжува судењето за убиството на младиот Никола Саздовски

Редакција

Јанева за Стефанова: „Не чинев зошто и го возев мачето”

Редакција

Францускиот Сенат го ратификуваше Протоколот за членство на Македонија во НАТО

Редакција