еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Сончево со температури до 30 степени за велигденските и првомајските празници

Сончево и топло време ќе преовладува за време на претстојните велигденски и првомајски празници.

Максималната температура наместа ќе достигне и до 30 степени.

Синоптичарите за денеска најавуваат сончево време со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне, претежно на истокот ќе има услови за појава на краткотрајна изолирана нестабилност.

Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 24 до 29 степени.

Во Скопје слично време со минимална температура до 8 степени и максимална температура до 29 степени.

Топлото време ќе се задржи до понеделник. Во сабота од крајот на денот и преку ноќта кон недела во западните делови ќе има услови за појава на локален дожд.

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Алијанса за Албанците ќе влезе во Владата ако се обезбедат 80 пратеници за уставни измени

Редакција

Што пишува во барањето на Министерство за правда за екстрадиција на Никола Груевски

Редакција

Каков имот пријавил Мухамед Зеќири, кој е осомничен за злоупотреба на позицијата генерален секретар на Владата

Редакција