еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Од вторник снег

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, по одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла.

Во источните делови повремено ќе биде значително облачно, а кон крајот на денот во североисточните ќе има услови за слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе  достигне до 8 степени.

Под влијание на влажен бран во понеделник во вечерните и ноќните часови во западните делови ќе има врнежи од дожд и снег, кои ќе продолжат и во вторник и ќе се прошират насекаде.

Наместа врнежите ќе бидат пообилни. На повеќе места ќе се формира нова снежна покривка, а на планините ќе се зголеми. Локални врнежи од снег ќе има и во среда претпладне, информираат од УХМР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ не ги отстрани спорните содржини од социјалните мрежи во предвидениот рок, велат од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

Редакција

(Фото) Ветер однесе малолетници во чамец од Охрид кон Албанија, полицијата ги спаси кај Струга

Редакција

(Фото) Бугарскиот премиер во Вашингтон најмногу разговарал со Мицкоски

Редакција