Во Македонија има дејности во кои просечната плата на вработените е многу помала отколку просекот на државно ниво, кој според најновите податоци на Државниот завод за статистика за ноември, минатата година изнесувал 25.787 денари.
Убедливо најниска просечна плата од 14.131 денар имаат работниците во секторот заштитни и истражни дејности.
На второто место на листата работници со најниски примиња се оние во секторот производство на кожа и слични производи од кожа со плата од 15.245 денари, а на третото место оние од секторот услуги поврзани со одржување на згради и дејности на уредување и одржување на животната средина и природата (15.716 денари).
Следуваат секторите рибарство и аквакултура со просечна плата од 15.840 денари. и производство на облека (16.710 денари).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Просечната плата во ноември изнесувала 25.787 денари
Топ пет највисоки просечни плати: Програмерите, воздухопловците и фармацевтите на врвот