еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Сообраќајна несреќа во Кисела Вода: Две лица загинаа, а седуммина се повредени помеѓу кои и две деца

Во сообраќајната несреќа која синоќа околу 23 часот се случи во Кисела Вода, загинаа две лица, а седуммина се повредени од кои и две деца.

Според информации од МВР, во сообраќајката која се случила на крстосницата на булеварите „Србија“ и „Борис Трајковски“ учествувале пет возила.

Станува збор за „фолксваген пасат“ управуван од Р.А.(50) од Студеничани, „мерцедес“ управуван од Х.С.(28) од Скопје, „фолксваген шаран“ управуван од З.И.(30) од с.Студеничани, „хјундаи аксент“ управуван од О.А.(25) од с.Батинци, скопско и патничко возило „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.Б.(39) од Скопје.

На самото место на несреќата починале 28-годишниот Х.С. и 50-годишниот Р.А. од Студеничани.

По укажаната лекарска помош 25-годишниот О.А. од Батинци бил задржан во полициска станица.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Британскиот сој на Ковид-19 бил присутен во Македонија уште во декември

Редакција

Ковачевски пред пратениците одговори зошто не служел војска

Редакција

Владата донесе одлука за враќање на старата цена на осигурувањето при регистрација

Редакција