Сопственикот на „Дурмо турс“, Дуримиш Белули, кој е првообвинет за несреќата кај Ласкарци во која загинаа 16 лица е пуштен од притвор со гаранција, информираше на денешното рочиште судијката Диана Груевска Илиевска.
Тој ќе се брани од слобода. Одземен му е пасошот, треба да се јавува во суд, не треба да контактира ниту со обвинетите ниту со оштетените и не треба се занимава со транспорт.
Од притвор е пуштен и четвртообвинетиот Игор Ѓоргиовски, кој работел во станицата за технички преглед.
За автобуската несреќа обвинети се шест лица. Сопственикот на „Дурмо турс“, Дурмиш Белули, одговорниот за транспорт во формата Ремзи Мифтари и возачот на автобусот Маноел Трифуновски се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, додека тројцата вработени во станицата за технички преглед, Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски за соучество во истото дело.
Фото: Фејсбук/Дурмо турс