еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Состојбата е стабилна, засега нема потреба од нови рестрикции, велат од Министерство за здравство

Засега нема нови препораки или воведување на нови рестриктивни мерки, информираа за МИА од Министерството за здравство.

Од Министерството посочуваат дека ја следат епидемилошката состојба во земјава и регионот.

Како што беше најавено Комисијата за заразни болести денеска требаше да одржи состанок за воведување рестрикции во однос на заштита на границите против ширењето на делта сојот на коронавирусот, кој се рашири низ Европа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се што треба да знаете за делта сојот на Ковид-19: Од симптоми до вакцини

Министерот за здравство Венко Филипче денеска во гостување на „Утрински брифинг“ рече дека ситуацијата е многу мирна, нема ниту еден знак дека е можно да има влошување на епидемиолошката слика и повеќе денови по ред нема притисок по болниците.

– Нема пријавување, нема наплив на пациенти ниту во амбулантите, што ни укажува и потврдува дека ситуацијата е прилично мирна. Ја пратиме ситуацијата и во околните земји. Насекаде во регионот е мирно. И во Србија и во Албанија. Ги следиме и земјите каде нашите граѓани заминуваат за летните одмори.

Има лесно зголемување на бројката на позитивни случаи во Грција, но сметам дека тоа не е алармантно. Затоа ќе довршам, сметам дека летото доколку ситуацијата продолжи вака, не треба да се воведуваат никакви рестриктивни мерки.

Но, ситуацијата будно ја пратиме, има земји каде индискиот сој побрзо се шири. Но, засега нема потреба, а доколку се појави ќе интервенираме, потенцира Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Драстично зголемен бројот на нови случаи на Ковид-19 во Грција

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Македонски Телеком“ го доби тендерот на ЈСП-Скопје за комуникациска инфраструктура вреден 2,2 милиони евра

Редакција

НЛБ Банка воведува Garmin Pay: Модерно решение за бесконтактно плаќање, создадено за луѓе кои се секогаш во движење

Редакција

Вакцината што ја развива Оксфорд влева надеж: Организмот создава антитела и бели крвни клетки кои се борат со Ковид-19

Редакција