еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Новинарот на Канал 5 имал контакт со член од семејството кој е позитивен на корона вирусот

Во семејството на новинарот кој е позитивен на коронавирусот има член кај кој е потврден вирусот. Новинарот имал контакт со тој член од блиската фамилија, изјави денеска директорката на Државниот здравствен и санитарен инспекторат, Иринка Сотирова.

– Во блиската фамилија на споменатото лице има член кој е позитивен. Новинарот имал контакт со тој член од неговата фамилија, меѓутоа за детални информации кој, каде и кога ќе биде ставен во евентуална самоизолација ќе следува по спроведената анкекта од Центарот за јавно здравје, која во моментот е во тек, истакна Сотирова на прес-конференцијата во Владата.

Таа информира дека е завршен и инспекцискиот надзор во Домот за згрижување на возрасни лица „Су Рајдер“ во Битола.

Донесени се сет на повеќе од 12 мерки што треба да ги спроведе Домот за згрижување на стари лица меѓу кои изолација на луѓето кои биле во контакт со заболениот, дезинфекција на просторот и немешање на персоналот кој работел на тој оддел со останатите оддели.

Сотирова информира дека заболеното лице е примено во Домот на 18 март, а претходно на 11 и 12 март имал контакт со внука која допатувала од ризична земја.

Симптомите кај лицето се појавиле на 2 април, по што веднаш е тестиран и на 4 април е добиен позитивен резултат. Лицето е хоспитализирано на Инфективното одделение во Битола и според последните информации е во добра здравствена состојба.

МИА/Фото: Канал 5

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Канал 5“ со детали за заболениот новинар, кај кого на интервју гостуваа Мицкоски и Заев

Убава вест: Во Дебар од корона вирусот излекувани 23 лица, седми ден нема новозаразени

Сите од ВМРО-ДПМНЕ кои биле во контакт со Мицкоски ќе одат во самоизолација

Лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во самоизолација: Мицкоски негативен на корона вирусот, Заев чека резултати

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Странци ќе го оправаат системот на Фондот за здравствено осигурување по хакерскиот напад

Редакција

Министерството за одбрана склучи договор со Енерџи деливери солушнс вреден 3 милиони евра

Редакција

Времето денеска облачно со повремени локални врнежи од дожд

Редакција