еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

ЈСП „Скопје“: Дваесетина лица го спречуваат работењето на претпријатието, ќе следат кривични пријави

Од утринава дваесетина луѓе од Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) и т.н. Независен синдикат на ЈСП „Скопје“ спречуваат возачите на автобуси редовно да си ги вршат своите работни задачи, спротивно на член 35 од Законот за Јавните претпријатија со кои се уредува начинот на штрајк, информира денеска Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“.

Овие дваесетина лица, како што наведуваат, немаат штрајкувачки одбор, ниту пак имаат пријавено редовен штрајк.

-Дури и во случај да го имаа редовно пријавено штрајкот, тие согласно Законот за јавни претпријатија мораат да обезбедат редовно функционирање на претпријатието додека трае штрајкот.

Поради ова, Град Скопје ќе ги почитува законските мерки и ќе поднесе соодветни кривични пријави против лицата кои го попречуваат редовното функционирање на јавното претпријатие и го држат во заложништво Скопје и скопјани, стои во соопштението од ЈСП „Скопје“.

Од претпријатието потсетуваат дека уште вчера Град Скопје подготви одлука за пренамена на средства со кои, како што се наведува, ќе се обезбеди исплата на последната плата која доцни пет дена поради неисплата на долгови кон претпријатието од страна на Министерство за образование и науака и општините.

– Апелираме до членовите на Управниот одбор на ЈСП „Скопје“ да постапат согласно нивните законски обврски, во спротивно ќе бидат дел од кривичната пријава поради незаконско организирање на штрајк и попречување на работата на претпријатието, се вели во соопштението од ЈСП „Скопје“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Скопје без градски превоз, автобусите на ЈСП денеска не возат

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Агенцијата за цивилно воздухопловство распиша тендер за набавка на СУВ-возило вреден 16.000 евра

Редакција

НЛБ Склади влезе на македонскиот пазар со преземањето на Генерали Инвестментс АД Скопје

Редакција

Детален преглед по градови: За една недела пораст од 34,9% на новозаболени од Ковид-19

Редакција